Дали почетокот вака мириса: Покетино по 10 дена во ПСЖ освои трофеј и му испрати порака на Тухел

Пред само десетина дена Маурисио Покетино седна на клупата на Пари Сен Жермен, а ноќеска успеа да го освои првиот трофеј.

Со реализираниот пенал од страна на Нејмар во финишот од средбата против Марсеја (2:1), ПСЖ го одбрани трофејот во Купот на Франција, кој го освоија и минатата година.

Звучи неверојатно, но вистинито, на третиот натпревар во својот ангажман со ПСЖ, Маурисио Покетино го освои својот прв трофеј.

Горд сум на овој трофеј тука сум само две недели, напорно се работеше за да оствариме добар резултат. Играчите ја заслужуваат оваа награда. Јас само можам да им бидам благодарен што на ваков начин ми посакаа добредојде, подобро не можев ни да почнам. Се разбира, за овој трофеј заслуга има и поранешниот тренер Томас Тухел, на кој лично му благодарам. Голема пофалба и благодарност и до стручниот штаб, а ова е само почеток!“, порача Маурисио Покетино,