Дали ова е потврда? Хабиб против Конор – втор дел!

Шампионот во лесна категорија во УФЦ Хабиб Нурмагомедов би можел да има нова борба против ирската суперѕвезда Конор Мекгрегор и тоа веќе на 13. април.

Претседателот на УФЦ Дејна Вајт вчера најави дека реваншот помеѓу Хабиб и Мекгрегор би можел да се одржи во 2019. година, а ММА тимот на Дагестанецот денеска донесе навистина мистериозна порака на Твитер.

Тие на Твитер поставија само порака „УФЦ 236“, а дали тоа значи дека токму тогаш ќе го видиме Хабиб повторно на дело, останува да се види.

УФЦ 236 евентот е закажан за 13. април. Се уште не е познато каде точно ќе се одржи, но со оглед на се, многу лесно би можело да се случи веќе на тој датум да гледаме нов меч помеѓу Хабиб и Конор.

Сепак, двајцата борци најпрво мораат да се најдат на сослушување пред Атлетската комисија на Невада по хаосот кој го направија на мечот одржан во октомври.

За потсетување, тогаш Конор ја испровоцира екипата на Дагестанецот, а Нурмагомедов се фрли во публиката за да се пресмета со еден од тренерите на Мекгрегор.

Во самата борба Хабиб доминираше и го уништи Ирецот, па во евентуалниот втор дуел сигурно ќе биде голем фаворит.

Сепак, и другите борци чекаат на дуел против шампионот, пред се Тони Фергусон со кого дуелот му пропадна дури четири пати и на кого му беше одземена титулата која во моментов е сопственост на Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перо Антиќ застана на чело на Олимпискиот совет на МОК

ТРАГЕДИЈА: За време на тренингот почина носителот на сребро од СП

За „влакно“ ја избегнале трагедијата: Репрезентацијата на Бангладеш била во џамијата – открија како се спасиле

(ВИДЕО) Протече снимка од нападот: Мекгрегор бесен го уништи телефонот на фанот

Нов скандал на Конор Мекгрегор: УФЦ ѕвездата уaпсена во Мајами

Доминација на сноуборд клубот ХМКД на државното првенство во Маврово

Незапамтена инвазија на странци во македонската одбојка: Од Бразил, Украина, САД, Австралија, Бугарија….

Крај на кариерата за Кро Коп: Хрватскиот борец имал мозочен удар!

(ВИДЕО) Хабиб бесен како рис повторно влета во рингот откакo брутално беше нокаутиран неговиот братучед