Дали крајот вака мириса: Надал ги загрижи фановите со последната изјава

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во своето последно интервју, истакна дека не знае точно и кога повторно ќе заигра, бидејки се уште се опоравува од повредата која ја има на левото стапало.

Шпанецот на почетокот од септември, имаше медицинска интервенција на левото стапало, кое му создаваше сериозни проблеми цела сезона.

Сакам потполно да се опоравам пред да се вратам на терените. Не знам точно кога повторно ќе играм тенис. Работам напорно секој ден, имам посебен план со јасно одредени цели“.

„Нема сега да ви кажам кои се моите цели, затоа што постојат работи кои не можат да бидат контролирани. Но верува дека работите позитивно ќе се развиваат и дека ќе можам да се натпреварувам“, порача Рафа Надал.

Таквата изјава не делува ветувачка, посебно од оваа изјава ќе бидат загрижени фановите на славниот ас од Мајорка.