Дали ја препознавате најмоќната жена во фудбалот? Нејзината камуфлажа не помина најдобро

Дали би ја препознале една од најмоќните жени во фудбалот?

Најмоќната жена во фудбалската индустрија, менаџерката Ванда Икарди, се одлучила на интересен потег и решила да се камуфлира на еден ден.

35-годишната девојка одлучила еден ден да биде продавачка во сопствената продавница во која се продаваат нејзините производи за убавина.

„Денес сум продавачка. Дали ќе ме препознае?“, прашала Ванда на социјалните мрежи.

Ванда цел ден се дружела со жените кои доаѓале на шопинг. Некои ја препознаа, некои не, но ова е секако уште еден многу добар маркетиншки трик на сопругата на Мауро Икарди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

Аргентинката знае што прави и не е ни чудо што е една од најмоќните жени во фудбалската индустрија.