Дали е реално: Фернандо Алонсо се надева на титула со Астон Мартин

Фернандо Алонсо смета дека неговата екипа би можела да освои шампионска титула во Ф1 пред да им се приклучи Хонда како партнер од 2026 година.

Хонда во средата соопшти дека од 2026 година, ќе биде партнер, односно добавувач на мотори за екипата на Астон Мартин.

Запрашан шпанскиот возач треба ли Астон Мартин нов мотор за да освои светска титула, ова беше одговорот на Шпанецот:

„Не, можеме да бидеме светски шампиони дури и пред да пристигне Хонда во нашиот тим“, порача Алонсо.

Шпанецот потенцира дека доаѓањето на Хонда во нивната екипа, само ги потврдува нивните високи амбиции за во иднина.

„Тоа се добри вести за екипата, доста е возбудливо. Тоа ја покажува посветеноста на Астон Мартин да победува во трките, да биде неизвесно против останатите екипи“, порача Алонсо.