Дали е ова крај на кариерата на Клеј Томпсон?

Тројниот НБА првак и еден од најдобрите шутери во историјата на лигата, за време на вчерашниот тренинг доживеал тешка повреда на Ахиловата тетива на десната нога.

Ситуацијата е потрагична бидејќи се случи откако ѕвезда на Голден Стејт ја преседе цела мината сезона затоа што во финалната серија во 2019 година, против Торонто, го скина вкрстениот лигамент на левото колено. За денеска е закажана магнетна резонанца по што точно ќе биде утврдено за што се работи и колку е сериозно, но оние кои се подлабоко вклучени во НБА, веќе знаат дека вестите нема да бидат добри.

За помалку од три месеци, Клеј Томпсон ќе наполни 31 година, а ако се потврдат лошите прогнози, тоа значи дека повторно долг период ќе биде надвор од терените или дека неговите перформанси значително ќе опаднат.

Целиот текст можете да го прочитате на овој ЛИНК.