Дали е можно? Опасна болест го нападнала Надал!?

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Рафаел Надал не успеа да стигне до финалето на Австралија Опен затоа што во четвртфиналето загуби од Циципас, а медиумите во Шпанија објавија дека имал проблеми со грбот.

Сепак, денеска истите извори ја сменија плочата и тврдат дека Надал има проблем со болест која стручно се нарекува Милер-Вајсова. Станува збор за болест ја ги напаѓа стапалата, а со тек на времето се шири и на други делови од телото, особено на колената со кои Надал имаше големи проблеми во текот на кариерата. Се манифестира со тоа што е отежнато движењето.

Наводно, шпанскиот ас ги почувствувал првите симптоми уште во 2005 година, но докторите тогаш му кажале дека поголеми проблеми ќе почувствува во подоцната фаза од животот. Стручни лица тврдат дека да не била оваа болест, Надал немало да има толку големи паузи во кариерата, а со тоа и трофеите во неговата колекција ќе биле во поголем број.

Наводно, поради болеста, Надал го откажал своето учество на турнирите во Ротердам и Акапулко и најверојатно нема да се врати на терените пред април кога стартува сезоната на земја.