Дали е можно? Ни Ѓоковиќ, но ни Надал не се први фаворити за Ролан Гарос?

Љубителите на тенисот наскоро ќе имаат можност да го следат Ролан Гарос, еден од најголемите тениски турнир во светот.

Несомнено дека во Париз публиката ќе биде во полн сјај, бидејки чекаат евентуален дуел помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но сепак, во очите на другите кои го чекаат овој турнир, има друг фаворит, а тоа е Алкараз.

Имам четворица играчи кои ги гледам во борба за трофејот годинава. Но прв за мене како фаворит е Карлос Алкараз, веројатно најцврстиот играч на светот во моментов. Ја освои Барселона, Мадрид, претходно и Мајами. Во Мадрид стана првиот играч кој ги победил Надал и Ѓоковиќ на ист турнир, така да го сметам за фаворит“, истакна екс тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу.

Самиот Карлос Алкараз пред извесен период најави дека самиот се смета за подготвен за голем турнир, а можеби по мастерс трофеите, на ред ќе биде и гренд слем титула.