Дали е можна ваква грешка: На 150 метри пред целта, ја промаши улицата и ја загуби трката

28 годишна атлетичарка од Етиопија, Санбене Тефери, успеа да си ја упропасти трката поради грешка и остана без награда од 10 000 долари.

Како што тврдат медиумите, атлетичарката водела скоро цела трка на 10 километри и се до 150 метри до целта, таа ја утна улицата и така ја изгуби првата позиција и ја загуби трката.

Атлетичарката од Етиопија била голем фаворит на оваа трка, ја бранила победата од минатата сезона, но иако имала се под контрола, една кобна грешка на 150 метри пред целта и ја одзема победата.

На видеото се гледа како несреќно атлетичарката само се елиминира од победата на 150 метри пред целта.