Дали Барса сега ќе се согласи на ова: „Старата дама“ сака да го пушти Пјаниќ, но бараат еден посебен играч

Јувентус испратил барање до управата на Барселона, да го договорат во пакетот за Пјаниќ, младиот Френки Де Јонг.

Барселона според Мундо Депортиво била решена до крај да ја истурка работата со Миралем Пјаниќ, но сега прашање е дали ќе се согласат на условите кои ги бараат од „старата дама“.

РМЦ Спорт исто така јавува дека „Бјанконерите“ се распрашале за можноста во договорот за Пјаниќ да биде вметнат и Френки Де Јонг.

Претходно шпанските медиуми најавуваа дека работата со босанскиот играч за врска е завршена работа, но најновото барање на Јувентус може да ги закомплицира работите, па оваа трансфер зделка да пропадне.