Далеку е пензијата за Федерер: Швајцарецот и понатаму ќе го гледаме на терените

Годините и понатаму не му можат ништо, Рожер Федерер и понатаму планира да игра тенис.

Неверојатно е колку е истрајна оваа генерација на Федерер, Надал па и Ѓоковиќ, кои иако се во поодминати години, не се откажуваат и сакаат до максимум да го искористат својот потенцијал.

Инаку, тренерот на швајцарскиот ас, Хрватот Иван Љубичиќ, најавува дека големиот шампион ќе игра и понатаму.

Ќе го гледаме Рожер и следната година. Не знам точно кога ќе се врати, но полека се опоравува и сигурно ќе се врати, никаде не се брза“, навести Љубичиќ.

Дури ни две тешки операции на колената не се проблем за Федерер, тој има голема желба повторно да се натпреварува, пред се поради навивачите.