Да се наежиш – химната на Турција среде Германија предизвика сцени за паметење

Турската фудбалска репрезентација ја продолжи серијата феноменални резултати и вчера во Берлин каде ја совлада Германија со 3:2. Сепак, она што се случи на трибините ги остави фудбалските фанови во неверување. Германците беа тотално инфериорни во однос на турските навивачи.

Турските репрезентативци под водство на Винченцо Монтела веќе се пласираа на Европското првенство, а од вчерашните сцени од Берлин се гледа дека буквално следната година ќе играат домашни натпревари во Германија.

На пријателскиот натпревар против Германија, селекцијата на Турција имаше улога на гостин, но во ниту еден момент не изгледаше така бидејќи Олимпискиот стадион во Берлин беше исполнет со турски навивачи.

Од првата секунда се знаеше дека Германците ќе гостуваат на домашен терен. Црвената боја преовладуваше на трибините, а дури кога започна химната на Турција, апсолутно се беше јасно.

Поголемиот дел од публиката ја пееше националната химна на Турција. Германците беа во чудо, но и фудбалските фанови кои беа шокирани од она што го видоа во Берлин.

@rtl.sport Ein besonderer Moment für die vielen türkischen Fans im Stadion #deutschland #türkei #dfb #berlin #fußball #hymne ♬ Originalton – RTL.Sport