Да не мислите дека Надал ќе седи мирен и ќе гледа како Ѓоковиќ го освојува Њујорк

Некогашниот тренер на Рафа Надал и негов чичко, Тони Надал, смета дека шпанскиот тенисер нема така лесно да стои и да гледа како Новак Ѓоковиќ го освојува Њујорк и златниот слем.

Тони Надал неодамна потенцира дека Ѓоковиќ се уште игра добро, но дека не е на нивото од пред неколку години.

Сегашното ниво на Ѓоковиќ не е она како од 2011 и 2015 година, но покажа дека е чекор пред конкуренцијата. Победи тројца играчи од таа група на последните три Гренд слем турнири во финалињата. Го победи Медведев во Мелбурн, го победи Надал во Париз, сега има борба за најмногу трофеи“.

„За месец и половина ќе се игра УС ОПЕН, тука ќе има своја шанса да постави нестварен резултат. Вистина е дека и Надал ќе се бори за тоа и нема мирно да стои и гледа како Ѓоковиќ го освојува Њујорк“, порача Тони Надал.