Некогашниот фудбалер на Јувентус, Антонио Кабрини смета дека начинот на кој живеел во Неапол, се покажал кобен за животот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња Диего Армандо Марадона.
„Уште ќе беше жив ако играше во Јувентус, место во Наполи. Беше жива легенда и господин како противник. Како и многу други шампиони, истовремено можеше да биде и најдобар и најлош. Ако дојдеше во Јувентус, ќе го спасеше опкружувањето, не клубот, туку околината. Љубовта на Наполи кон него бше силна, автентична, но токсична“, изјави Кабрини.
Веднаш тргнаа лавина негативни коментари за овие негови зборови, па поранешниот фудбалер на Јувентус мораше да се извинува.
„Моите зборови се погрешно протолкувани. Никому не држев лекции за морал, тоа беше коментар за енергијата на градот кој има голема страст. Сакав да кажам дека помирното опкружување ќе го заштитеше. Се извинувам ако можеби навредив некого“, појасни Кабрини.
Марадона беше член на Наполи седум години и со овој тим освои две титули во Серија А, една во Копа Италија, една во Купот на УЕФА иедна во Суперкупот на Италија. Најголемите навивачи на Наполи тврдат дека тој е најазаслужен што од „селски клуб“, тој стана дел од италијанската фудбалска елита.