Да бидат колеги во ист тим, Макс ќе го растури Луис Хамилтон!

Првата трка во овогодинешниот шампионат во Ф1, на трката во Бахреин донесе големо возбудување во самиот финиш од каде како победник излезе Луис Хамилтон.

Сезонава несомнено дека Ред Бул е потенцијална закана за „сребрените стрели“ од Мерцедес, што и се покажа веќе на првата трка.

Нелсон Пике, некогашниот Ф1 шампион од 1981, 1983 и 1987 година, потенцира дека доколку Макс Верстапен го добие истиот болид како и Хамилтон, холандскиот возач ќе го растури Британецот.

„Тешко е да ги споредувате Макс и Лукс бидејки не се од иста екипа. Не е работата во тоа дали Хамилтон не е добар, едноставно моментално тој има инфериорен тимски колега, затоа Луис е прв возач. Мислам дека Макс би го растурил Хамилтон доколку возат во ист тим. Макс е повеќе агресивен и поради тоа прави чести грешки, но севкупно мислам дека би излегол победник пред Луис доколку се тимски колеги“, смета Нелсон Пике.