Циркусот продолжува: Прволигаши се, ама немаат стадион – Победа во Струмица, Шкупи во Тетово домаќин

704

Македонската Прва фудбалска лига продолжува и во следното коло да биде „каша-попара“. Иако се прволигаши, пола од нашите тимови кои играат во лигата немаат сопствен стадион, па буквално преживуваат, од коло во коло снаоѓајќи се каде ќе им се отвори можност.

Така ќе биде случај и во следното коло, Победа од Прилеп, откако пролетва како домаќин играше во Турново, Битола и Охрид, сега дојде ред своите домашни натпревари да ги игра во Струмица. Стадионот „Младост“ ќе биде местото каде што ќе ги одмерат силите со Работнички.

Ништо поразлична не е ситуацијата со Шкупи, кој откако во стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари си пронајде привремено решение по проблемите на „Чаир“ во следново коло приморан е да се сели на Градскиот стадион во Тетово.