Чупиќ: Македонија ми даде многу, се додека сум среќен овде, останувам во Скопје!

Хрватскиот интернационалец и член на Вардар, Иван Чупиќ ќе биде повторно дел од репрезентацијата на Хрватска.

Чупиќ во репрезентација немаше заиграно од 2018 година, така да ракометарот на Вардар ќе им дојде како засилување и освежување.

Во последното интервју за „Indeh.hr“, Чупиќ зборуваше за репрезентацијата и за тоа како му е во Скопје додека настапува за Вардар.

Македонија мене ми даде многу, а јас и понатаму сум таму, во Вардар. Блиску сме со менталитетот на народите, во Скопје сум со семејството по градинки и училишта, па се чувствуваме среќно. Кога доаѓаш во одредени години и ќе ги издвоиш приоритетите, така да не е се до играњето со голема плата, гледаш да си среќен некаде“.

„Овде имав многу успеси, како со семејството така и со Вардар, два пати бевме шампиони во Европа, тука ме почитуваат. Семејството ми е задоволно и среќно во Скопје и се додека е така, јас ќе бидам овде. Се промени структурата на клубот, сега имаме нешто поразлични цели и други луѓе го водат клубот. Без оглед на тоа, јас се снајдов во сето ова, здрав сум, настапувам и среќен сум на терен. Не можам да кажам дека нешто ни недостасува од кога сум во Скопје“, порача Иван Чупиќ.