Чудо во Амстердам: Фудбалерот на Ајакс се разбуди од кома по речиси три години

Играчот на Ајакс, Абделхак Нури излезе од кома во која беше од јули 2017 година. Во рамките на подготовките за следната сезона, младиот фудбалер за врска доживеа срцев удар при што претрпе и оштетување на мозокот.

Веста дека повеќе не е во кома ја сподели неговиот брат кој додаде дека Абделхак заздравува и дека веќе ги движи устата и веѓите. Во овие речиси три години Нури доби поддршка од сите свои соиграчи, вклучувајќи ги и големите ѕвезди Де Јонг и Де Лихт кои постојано го спомнуваа во јавните настапи.

По инцидентот кој се случи за време на подготвителниот натпревар против Вердер, Ајакс призна дека немал соодветна лекарска помош на теренот и ја прифати одговорноста за последиците.