Чудни потези влече Јувентус: Пјаниќ на трансфер листа

На еден ден пред почетокот на новата сезона во Серија А и десетина дена пред крајот на преодниот рок Јувентус одлучи да го стави на продажба босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ.

Играчот од средниот ред требаше да биде мотор на торинскиот тим, но Калчомеркато тврди дека раководството на клубот интензивно бара купувач за него. Причината за тоа не е неспорниот квалитет на Пјаниќ, туку бројните трансфери на Јувентус ова лето и стравот од прекршување на финансискиот фер-плеј.

Засега нема најави каде би можел Пјаниќ да ја продолжи кариерата, но лани за него беше заинтересиран ПСЖ.