Чудна одлука на „каталонците“: Барса два дена порано стигна во Еибар

Екипата на Барселона в сабота од 13 часот гостува кај Еибар во новото коло од Ла Лига, а раководството на клубот одлучи веќе денеска да отпатува во баскискиот град.

Причината за тоа не е евентуална аклиматизација на екипата или желбата за што подобра подготовка, туку стравот од протести во Каталонија кои се најавени во текот на викендот, а со почеток во петок. Причините се политички, односно изрекувањето на затворските казни за поранешните каталонски политичари поради референдумот во 2017 година.

Можно е од Еибар екипата да отпатува директно за Прага каде в среда ја очекува натпревар од третото коло во Лигата на шампионите против Славија.