ЧОВИЌ: Никогаш не сме се „палеле“ на топ-8 од Евролигата

Со поразот од Барселона, Црвена Звезда ги сведе на минимум шансите за пласман во плејофот од Евролигата.

Иако во текот на сезоната го доведе најплатениот играч во историјата на клубот за плата од 300 илјади евра месечно, првиот човек на клубот Небојша Човиќ тврди дека топ-8 никогаш не била цел за клубот. Призна дека за лошите резултати е виновна Звезда, а не некој друг, но изненади со тврдењето за плејофот иако цела сезона се зборуваше само за тоа.

„Ние сносиме најголема одговорност, голем број натпревари загубивме на необичен начин. Кошмарна сезона, но секогаш се држиме во рамките на целие кои ги зацртавме. Освоивме еден трофеј, пред нас се уште два. Никогаш не сме се ‘палеле’ на топ-8“, сензационално изјави Човиќ денеска, во утринската програма на РТС.

Ова е осма сезона од последните девет во која Црвена Звезда настапува во Евролигата. Во плејофот играше само во 2015/16 кога во четвртфиналето загуби од ЦСКА со 0-3.