Човеков е чудо – уште сега најавува повисоко ниво на тркање од лани, уште сега ќе ги „разочара“ во Ферари

Како да не беше доволно добар и брз на патеките сите овие години, па сега Луис Хамилтон најавува уште пожестока борба за титулата од март месец.

Тој е шесткратен шампион во Ф1 и само една титула го дели од небеското постигнување на Михаел Шумахер, кој има 7 титули.

Хамилтон е сигурно релаксиран во моментов, бидејки нема Формула 1 и не се вози на патеките, но според последната објава на Инстаграм, тој најавува уште поголема доза на адреналин и жестина на патеката во новата сезона.

Ќе бидам машина оваа година, ќе биде на уште повисоко ниво од претходно. Ќе ширам љубов и позитива насекаде, каде и да одам“, порача Хамилтон меѓу останатото.