Човек да не поверува: Барса идната недела купува напаѓач од 120 мил. евра

Очајната форма во која се наоѓа Барселона оваа сезона дополнително е влошена по повредата на Луис Суарес кој нема да се врати до крајот на првенството.

Поради тоа, наводно, „каталонците“ се во потрага по квалитетен шпиц, а новинарот на Каталонското радио Љуис Канут тврди дека проблемот ќе биде решен претстојната недела. Според него, на Камп Ноу ќе дојде аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинес во трансфер вреден 120 милиони евра.

Во зделката треба да биде вклучен и Артуро Видал што ќе ја намали цената на 111 милиони евра. Сето ова делува неверојатно со оглед на лошата работа што ја врши менаџментот и највисокото раководство на Барселона последните години, а што полека почна да се огледува и на резултатите на тимот.