Чистка во Тотенхем: Конте продава дури седумина

Антонио Конте дури сега е свесен од каде дошол.

Антонио Конте во Тотенхем е само околу три недели, но и тоа беше доволно за да види на кога ќе може да се потпре во продолжението од сезоната и кому ќе му ја покаже вратата штом почне преодниот рок во јануари. .

Италијанскиот менаџер беше крајно лут откако Тотенхем загуби од словенечката Мура (2:1) во Конференциската лига, со гол во 94. минута, па по мечот им кажа се на своите играчи и набрзо се сретна со раководството за да разговара за тие кои веќе се „пречкртани“.

„Дури сега разбрав каква е ситуацијата овде. Воопшто не е лесно“, изјави Конте.

„Тотенхем не е врвен тим во моментов. Мило ми е што дојдов овде, но мора да работиме напорно и да го зајакнеме квалитетот на тимот за да ги достигнеме нашите цели“.

Британските медиуми тврдат дека мечот против Мура бил последен за некои играчи, па продажбата е готова.

Мет Доерти, Деле Али, Дејвинсон Санчез, Бен Дејвис, Хари Винс, Танги Ндомбеле и Џек Кларк наводно се вишок, додека останатите не се сигурни дали наскоро нема да се појават. Познато е дека Конте не трпи „просечност“, секогаш бара од своите играчи да дадат повеќе отколку што можат, а другите секогаш летаат од тимот.