Чилеанската легенда удри силно: АТП е најголемото г**но во светот

Поранешниот чилеански тенисер Марсело Риос остро го нападна АТП и го обвини за прикривање неколку скандали со негови колеги во минатото.

„Четири пати го фаќаа Андре Агаси со допинг, но ниеднаш тоа не излезе во јавноста бидејќи целиот тенис ќе настрадаше. Тој беше АНДРЕ АГАСИ.

Мастерсите секогаш се играа на брза подлога за за Сампрас да победува. Со Бругера неколку пати зборувавме дека подлогите треба да се менуваат, но никогаш не не послушаа. АТП е најголемото г**но во светот“, изјави Риос.

Во својата кариера тој освои 18 титули, а најголемиот успех на Гренд слем турнирите му е финале на Австралијан Опен во 1998 година.