Чичко Берни им даде тврдо „двојче“ на Ферари уште пред да почне сезоната

Пред почетокот на новата сезона во Формула 1, стариот Берни Еклстоун тврди дека Ферари и оваа сезона нема да направи ништо.

Првичните изјави од гаражата на Ферари се дека не се доволно добри овој период, но дека работат на развој да бидат конкурентни со Мерцедес и Ред Бул.

Очигледно дека болидот на Ферари не е доволно добар. Но во името на милиони навивачи во црвено, се надевам дека ќе бидам изненаден. Ферари има обврска секогаш да биде на врвот, поради фановите“, истакна Берни Еклстоун.

Дефинитивно и Берни Еклстоун се приклонува кон седумте тима кои бараат одговор од ФИА, зошто имале серија на разговори со Ферари и бараат тие да се образложи јавно контекстот на разговорите кои биле водени со Ферари.