Четвртфиналното проклетство на Меси што му дава шанса на Јунајтед

Лионел Меси со 36 гола е убедливо најдобриот стрелец во европскиот фудбал оваа сезона, лидер во битката за Златната копачка и првопласиран, заедно со Левандовски, во Лигата на шампионите.

Но, и покрај тоа постои надеж за Манчестер Јунајтед дека може да ја помине Барселона, а Меси да не биде на своето вообичаено рамниште. Причина за тоа е четвртфиналното проклетство на најдобриот фудбалер на сите времиња.

На последните 11 натпревари во оваа фаза од Лигата на шампионите, Меси не дал ниеден гол, а има само една асистенција. Треба да се вратиме далеку назад, во 2013 година, за неговиот последен четвртфинален гол во елитното натпреварување. Тогаш противник на Барса беше ПСЖ, а Меси погоди на првиот натпревар во Париз за водство од 1-0 во 38. минута. Во 2014 и 2016 година не погоди против Атлетико, во 2015 година против ПСЖ, во 2017 против Јувентус и лани во двомечот со Рома.

Но, статистиката има и своја друга страна, а тоа е дека Меси на англиските клубови во Лигата на шампионите им дал 22 гола, а против Јунајтед погоди во двата финални дуела, во 2009 и 2011 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачите на Челзи го бојкотираат Сари на мечевите против Вест Хем и Барнли

(ВИДЕО) Јоаким Лев повторно во елемент со своите потези, овојпат „настрада“ Сане

Икарди се пожалил: Одземањето на капитенската лента е бескорисно понижување

Мајката на Сала е неутешна: Бараме правда, како можеше такво нешто да се случи?

Погба и Реал Мадрид, опцијата е повторно отворена, Бејл би можел да биде клучниот човек

Зидан ја одреди трансфер метата, но веќе на стартот наиде на проблем

Барса им наплаќа 102 фунти на навивачите на Јунајтед за влезница, „Ѓаволите“ жестоко возвратија

Сонува да заигра за Реал, а тврди дека Барса е најдобра во светот

Зарем некој се сомневаше: Меси ја откачи Аргентина за Барса!