Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел денеска објави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната.
Германецот, кој оваа сезона вози за Астон Мартин, освои четири титули во Ф1, триумфираше на 53 трки и 102 пати беше на подиумот.
Кариерата на Фетел во Формула 1 започна во 2007 година во тимот на Торо Росо. 35-годишникот ја постигна својата прва победа следната година на Големата награда на Италија.
Следната година се пресели во Ред Бул и ја истакна својата кандидатура за светски шампион. Тоа му успеа во 2010 година, кога ја освои првата шампионска титула во болидот на „биковите“. Доминацијата на Фетел во Формула 1 траеше во следните три години, па легендарниот Германец врза четири последователни шампионски титули, а во еден момент имаше дури и девет последователни победи во 2014 година.
Кога во 2015 година се пресели во Ферари, во Маранело се надеваа дека токму Фетел ќе ги врати на тронот, но тоа не се случи. Германецот двапати завршуваше втор во генералниот пласман зад Луис Хамилтон.
Последната победа на Фетел беше во 2019 година на Големата награда на Сингапур со Ферари.
Оваа сезона четирикратниот шампион освои 43 бода и моментално е 12-ти возач во генералниот пласман во шампионатот во Формула 1.