Четири можни сценарија откако на Ѓоковиќ му е одбиена визата

На Новак Ѓоковиќ по втор пат му е одбиена визата и му се заканува депортација од Австралија по одлуката на Алекс Хок, министерот за имиграција. Карен Свини, судската известувачка за австралиски „Асошиејтед Прес“ наведува дека постојат четири можни исходи по оваа одлука.

Според неа, првата опција е Ѓоковиќ да го прифати второто одбивање на визата и да си замине од Австралија. Втората опција е да поднесе жалба и истата да биде по втор пат прифатена, односно судот повторно да ја укине одлуката за укинување на неговата виза, со што Србинот би останал во Австралија и ќе настапи на АО.

Третата опција е жалбата да не биде прифатена, па да се качи на авион и да си замине од Австралија, додека четвртата опција е Ѓоковиќ да победи на суд, но потоа владата да се жали на таа одлука. Тогаш би морало да се пресуди дали останува или излегува од имигрантскиот притвор и дали ќе може да игра на Австралија Опен додека трае жалбената постапка.