Четири кола, четири големи грешки на ВАР во Премиер лигата

Се очекуваше ВАР системот да стави крај на неправдите во англиското првенство, но изгледа ни тој не е идеален и не може да излезе на крај со сите спорни ситуации.

Официјално, досега имало 226 проверки преку ВАР, шест одлуки се сменети, но овој број требаше да изнесува 10. Досега се забележани четири грешки на системот.

Првата од натпреварот меѓу Бурнмаут и Манчестер Сити кога Давид Силва требаше да добие пенал по стартот од Џеферсон Лерма. Истото се однесува за фаулот на Трајбул од Норвич над Халер во дуелот со Норвич во следното коло, на 31 август.

Јури Тилеманс од Лестер не доби црвен картон за крвничкиот старт над Калум Вулсон од Бурнмаут истиот ден иако требаше веднаш да замине во соблекувална. И повторно во истото коло требаше да биде поништен голот на Фабијан Шер од Њукасл поради игра со рака на еден негов соиграч.