Червар со „амин“ од Вујо, заговара три промени во ракометот: Ова мора да го направиме

Трофејниот хрватски стратег Лино Червар, на своето последно појавување пред медиумите, заедно во друштво на Веселин Вујовиќ и Касим Каменица, зборуваше за евентуалните промени во ракометот.

Червар смета дека во иднина во ракометот треба да се направат три клучни промени со цел ракометот да биде поарактивен.

1. Да се мери времето во нападот:

– Во моментите кога пари во овој спорт има се помалку, а правда скоро и да нема, не ни требаат козметички промени, туку коренити и суштински. Прва од промените кои треба да ги видиме е да се мери времето во напад. Сакам да знам колку можеме да ја држиме топката во свој посед. Не сакам да биде колку ти ќе сакаш, туку тоа да биде 20 или 30 секунди, ако сакаме вистински ракомет, потребен ни е часовник“.

2. Промена во правилата на пробивање:

– Кога е во движење, а не кога е во место. Тоа е толку еластично да можеш да судиш пробивање каде сакаш и колку сакаш, а таа топка може да одлучува за светска титула. Мора се да биде максимално јасно и транспарентно“.

3. Промена на вреднување на ударот од далечина:

– Во ситуација сме кога ракометот се игра помеѓу 6 и 9 метри. Немаме удари од далечина, немаме скок шутери. Вујовиќ предложи дека голот од повеќе од девет метри, вреди за два, како тројка во кошарка“.