Ненадејната смрт на хрватската ракометна легенда Златан Сарачевиќ ги потресе сите не само во оваа држава, туку и на просторите на поранешна Југославија.
Меѓу нив и некогашниот македонски селектор Лино Червар кој уште не може да повредува дека остана без својот голем пријател.
„Не ми е јасно, навистина не ми е јасно, јас сум во шок. Знам дека не беше болен. Тој беше пример за тренерската струка, за спортско однесување, олимписки победник и мој помошник на Европското првенство во 2018 година. Беше сето тоа, но пред се човек. Никогаш во животот никому не рекол еден лош збор и никој не може за него да каже нешто лошо“, рече Червар.
Сарачевиќ почина синоќа во Копривница, непосредно завршувањето на натпреварот на Подравка, чиј тренер беше тој, и Локомотива.