Червар: Хорват ме изненади, сигурно во Металург влегол нов спонзор

Хрватската јавност и навивачите на ППД Загреб се уште не може да поверуваат дека легендата на клубот од идната сезона ќе го носи дресот на Металург.

Очигледно и Лино Червар не може да поверува и призна дека е изненаден. Екс тренерот на Металург кој со Хорват работеше и во селекцијата на Хрватска и во ППД Загреб даде изјава за хрватските медиуми во која што вели:

„Искрено, многу ме изненади одлуката на Златко. Очигледно е дека во клубот влегол нов спонзор. Имат дојдено до пари и ќе доведат уште некој играч. Очигледно Хорват таму замина поради подобра понуда, не гледам друга причина зошто би го напуштил ППД Загреб“, изјави Лино за тамошните медиуми.

Очигледно ова е уште една потврда дека тимот од Автокоманда повторно се буди.