Челзи доби забрана за трансфери, а Сити помина само со скромна парична казна

Според новинарот Роб Херис, Манчестер Сити добил казна од ФИФА поради кршењето на правилото за трансфери на малолетни играчи.

За потсетување, за истиот прекршок му беше изречена казна и на Челзи, кој доби забрана за трансфери во следните два преодни рока.

За разлика од „Сините“, екипата од Манчестер ќе може да продолжи со купување, но ќе останат „пократки“ за 370.000 швајцарски франци.

Во соопштението на ФИФА е изречено дека Сити ги прекршил правилата, но дека дисциплинскиот комитет во предвид го зел и фактот дека „Граѓаните“ ја прифатиле одговорноста, па поради тоа се парично казнети.