Претстојното лето во Барселона се најавени големи кадровски промени во тимот, што значи дека ќе има доста трансфери кои ќе пристигнат, а добар дел кои ќе заминат од Каталонија.
Иако навидум немаат многу пари за трошење, Барселона очигледно ќе продава, за да може да купи.
Тренерот Чави веќе направил список на посакувани играчи, а еден од приоритетите за нив ќе биде да донесат фудбалер на бековската позиција. Паднал избор на Жоао Кансело од Манчестер Сити, кој е позајмен во Баерн Минхен.
Тој деновиве ќе го одигра последниот меч за Баерн, па потоа се враќа во Манчестер. Од таму информациите се дека тој не е во плановите на Пеп Гвардиола, па веќе најавиле дека кој ќе го сака овој играч, ќе мора да плати 45 милиони евра.
Јасно е дека Барселона ќе продава, па од тие средства ќе ги обезбедуваат новите потписи на играчите. За Кансело постојат добри шанси да заврши во Барселона.