Познато е дека Чави Ернандез има добри односи со одредени луѓе во Катар, а меѓу останатото и со потенцијалниот купувач на Манчестер Јунајтед, Шеикот Тами Бин Хамад Ал Тани.
Чави работеше во минатото во Катар, а пред натпреварот со Манчестер Јунајтед вечерва од 21 часот, порача дека има добри односи со шеикот кој сака да го купи клубот од Манчестер и тврди дека тој има сериозни намери.
„Имам добри односи со шеикот, можам да ви кажам дека тој е сериозен, тој е пред се одговорна личност и мислам дека ќе направи одлична работа. Купувањето на клубот од страна на шеикот сметам дека би била одлична зделка за Манчестер Јунајтед“, порача Чави Ернандез.
Но како и да е, вечерва Чави Ернандез и неговата екипа ќе го имаат мечот на сезоната во Европа, реванш пресметката против „црвените ѓаволи“, каде мора да победат ако сакаат да се пласираат во следната рунда од Лига Европа.