Барселона откако прво беше елиминирана од групната фаза во Лигата на шампионите, истото им се случи и во Лига Европа, каде беа елиминирани од Манчестер Јунајтед.
Но веднаш по враќето од Манчестер во Каталонија, Чави Ернандез оддржал итен состанок со првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, на кого се обидувал со прагматични анализи, да му долови дека во Барселона коцките не се сложени доволно за да можат да ги остварат највисоките европски цели.
Според Хави Мигел од АС, Чави го уверувал претседателот на клубот дека треба многу работи да се средат, но и околу тоа дека им се потребни уште неколку играчи од голем калибар.
Информациите кои ги има споменатиот новинар од АС, тврди дека Чави го уверувал Лапорта дека клубот треба да донесе квалитетно засилување на десната бековска позиција, а на таквите анализи Лапорта дал уверување дека клубот ќе го поддржи во сите заложби да го минат тешкиот транзициски процес и повторно да изградат тим со квалитетен ростер.