Чалханоглу му врати на Ибра: Тој воопшто не учествуваше во Скудето, а пишува разни глупости

„Росонерите“ сезонава станаа шампиони во Италија, по долг период од цели 11 години.

Затоа е разбирливо славјето и еуфоријата кај нивните навивачи неколку недели по завршување на сезоната.

Но интересна работа се случи при славјето на титулата. Имено, Ибрахимовиќ не пропушти да го пецне Хакан Чалханоглу, кој реши да се пресели во Интер, со намера да освои титула.

Токму на тој сегмент, Ибра реши да го трола фудбалерот, дека направил погрешен чекор со трансферот во Интер, но на тоа не остана должен турскиот интернационалец.

Тој е човек со 40 години, а не 18. Јас не би правел работи кои тој ги прави во негови години. Тој не допринесе за Скудето на Милан сезонава, едвај и да играше, но тој направи ситуација како се од него да зависело. Тој пишуваше разни работи за мене, дури и во книгата. Па ако не пишува за секој, тој ќе има празни страници. Најдобро е да не се обраќа внимание на неговото однесување“, порача Чалханоглу за Тивибу Спор.