Бутел се засили со ракометар од Вардар

Бутел Скопје донесе уште еден млад ракометар во своите редови пред стартот на новата сезона. Станува збор за Наум Тасески, кој има 18 години и настапува на средната бековска позиција, а потпиша договор на две сезони.

Тасески досега беше дел од младинскиот тим на Вардар, а раководството на нашиот клуб со овој потег уште еднаш покажа дека освен на сениорската екипа, мисли и на иднината, односно на младинските категории на клубот кои имаа одлични резултати минатата сезона.

Претходно за нашиот клуб потпишаа левиот бек Илија Табаков, кој дојде од прволигашот Борец Велес и има 18 години, како и Андреј Петрушевски, кој исто така има 18 години, дојде од екипата на Вардар и настапува на позицијата десен бек.

Потпиша и левото крило Дамјан Субашевски од Металург РА, а беа потпишани професионални договори на две сезони со шестмина ракометари од младинската школа – Дејан Михајловиќ, Марко Каевски, Петар Цветковски, Филип Бошковски, Наум Симјановски и Стефан Јовевски.

Нашиот тим предводен од стратегот Кристијан Грчевски се засили со голманот Филип Ивановски, како и бековите Мартин Манасков, Стефан Крстевски и Филип Николов, а покрај тренерот Грчевски договорите ги продолжија пивотите Јевтиќ и Стојчевиќ, како и бекот Стојановски