Бутел ја продолжи соработката со уште еден важен ракометар

Откако ги обнови договорите со Мајиќ, Печенковски, Мојсоски, Ѓоргиевски и Божиновски, тимот на Бутел Скопје ја продолжи соработката на уште една сезона и со левиот бек Јовица Младеновски

„Ја продолживме соработката со Бутел Скопје на уште една година. Очекувам да имаме уште една успешна сезона како претходните. Целта и оваа сезона ќе биде најмалку плеј-оф и остварување на што повисоко место. Што се однесува до настапот во Европа се надевам дека ќе бидеме поуспешни од минатата година и ќе се пласираме во наредно коло“, вели Младеновски

По обнувувањето на соработката со ракометарите кои што досега беа костурот на екипата, за очекување е во следниот период да има и неколку нови засилувања.