Бутел го продолжи договорот со искусниот Србин

Српскиот интернационалец Владимир Јевтиќ и понатаму ќе ги брани боите на Бутел Скопје, откако беше договорена соработка на уште една сезона.

Јевтиќ дојде пред година и пол во Скопје, остави одличен впечаток и раководството на му понуди нов договор.

„Бутел е екипа што има душа, срце и карактер, и покрај се што ни се случуваше оваа година, успеавме да ја оствариме целта за оваа сезона. За година и пол колку што сум овде немав никакви проблеми и со сите во клубот имаме голема почит. Иако имав понуди и од Македонија и од странство, сепак се решив да останам уште една сезона, и сметам дека го донесов најдоброто решение за мене. Се надевам дека во новата сезона, Бутел Скопје ќе биде уште посилен“ изјави Јевтиќ:

Бутел предводен од тренерот Кристијан Грчевски оваа сезона го освои третото место во суперлигашката конкуренција и со тоа обезбеди место во Лигата на Европа.