Бурно е во Веспрем: Претставен најголемиот трагичар во Европа!

Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан денеска е претставен како нов ракометар на актуелниот европски вицешампион Веспрем. Во Унгарија тој оди како слободен играч откако на средина од сезоната си замина од Вардар, незадоволен од финансиската ситуација во клубот.

„Еден од моите најдобри пријатели Момир Илиќ ми препорача да дојдам овде, ми кажа многу работи за клубот и буквално ме убеди. Дојдов овде да ја освојам титулата во Лигата на шампионите. Можев да замина и во Барселона, но одбив“, откри Борозан.

Во исто време Веспрем објави дека го продолжил договорот со тренерот Давид Дејвис до 2023 година.