Бура во Германија: Лајпциг објави дека е повреден, Анхелињо со шокантен одговор

Недоразбирање во Лајпциг во пресрет на дербито од 23. коло во Бундеслигата во кое тој клуб синоќа ја пречека Борусија Менхенгладбах. И сето тоа би можело да остане на тоа ниво ако тоа „недоразбирање“ не стигнеше на социјалните мрежи, што направи целата работа да добие една друга димензија.

За што станува збор?

Јулијан Нагелсман неочекувано од протоколот го изостави еден од најдобрите играчи на овој тим – Шпанецот Анхелињо, по што клубот се огласи на официјалниот твитер профил: „Поради полесна повреда Анхелињо го пропушта денешниот натпревар“. Не помина многу време, а фудбалерот под овој твит на својот клуб неочекувано одговори: „Не, не сум повреден, подготвен сум“.

На овој начин Анхелињо предизвика сериозен сомнеж во официјалната верзија на приказната, дека станува збор за повреда, меѓутоа Нагелсман по помалиот укор остана при официјалниот став.

„Тоа што Анхелињо го направи не беше баш најинтелигентната работа. Секако дека ќе разговарам со него за тоа. Ќе повторам уште еднаш – станува збор за играч кој многу ни значи, кој секогаш сака да игра. Многу му смета што некогаш мора да пропушти натпревар, како што тоа беше денес. Да, станува збор за полесни проблеми со мускулите. Би требало во иднина да размисли пред да направи вакво нешто, да најде попаметно решение“, подвлече младиот стручњак.

РБ Лајпциг вчера по 0:2 успеа да слави против Гладбах и да остане во трката за титулата со Баерн. Анхелињо во досегашниот дел од сезоната одигра 31 натпревар и го има најдобриот учинок меѓу дефанзивците во најсилните пет лиги – осум голови и дури 11 асистенции.