Брзо се менуваат работите: Бекер наскоро излегува од затвор?!

Англиските медиуми пишуваат за можноста Борис Бекер наскоро да го напушти затворот во кој ќе мора да престојува две ипол години.

Имено, сега се појавила информација првенствено од медиумите во Англија, дека Борис Бекер наскоро може да биде изваден од затвор и да биде депортиран во Германија, под посебни услови.

Трикратниот шампион на Вимблдон моментално се наоѓа зад решетки, откако беше осуден на две ипол години затвор поради тоа што објавил банкрот, додека успевал да прикрива средства во вредност од 2,7 милиони долари.

Но сепак, сега се надева дека може да биде депортиран во Германија, затоа што законите во неговата матична земја се поблаги од оние во кралството Британија, па би можел да добие далеку поблага казна за одработување.

Тој верува дека таму ќе биде пуштен до Божиќ затоа што во Германија имаа многу поблаг правосуден систем“, пишуваат медиумите во Англија.