Брза реакција на Италијанците: Ферари ја најде замената за Фетел

Шпанскиот возач Карлос Саинс идната сезона ќе биде член на Ферари откако денеска потпиша договор со италијанскиот тим од 2021 до 2023 година.

Официјализацијата доаѓа само два дена откако беше објавено дека Себастијан Фетел си заминува од Ферари на крајот на сезоната. Интересен е изборот на Италијанците ако се знае дека Саинс, кој досега беше член на Мекларен, уште нема ниедна победа во Формула 1, а веќе забележа 102 старта во летечкиот циркус. Минатата сезона ја заврши на шестата позиција, а најголем успех му е третото место и пласманот на подиумот на трката за Големата награда на Бразил минатата сезона.

На местото на Саинс, Мекларен го ангажира Даниел Рикјардо од тимот на Рено.