Спектакуларен меч гледавме во ММА светот, каде во октагонот копјата ги кршеа Бразилецот Жоандерсон Брито и борецот од Америка Андре Фили, кој го извлече подебелиот крај.
Нивната пресметка се очекуваше да биде еден ММА маратон, но за жал на навивачите, траеше само 41 секунда, Брито имаше спектакуларни удари и воопшто не го штедеше противникот, кој го нокаутира за неполна минута.
Американецот кој има само една победа во последните пет натпревари, беше скоро немоќен да одговори на предизвикот.
За Брито ова е 13 победа во кариерата. До сега има загубено само три натпревари, па наскоро би можеле да го видиме и против некои пореномирани УФЦ борци во рингот.