Брус пред отказ во Њукасл – клубот преговара со три познати имиња за нов тренер

Како што брифираат англиските медиуми, Стив Брус е пред отказ од Њукасл, како што и претходно се пишуваше.

Њукасл е упорен во напорите да го замени Брус со некое друго, по еминентно име од фудбалскиот свет и веќе се вртат првите три имиња кои се споменуваат како потенцијални нови тренери на овој клуб .

Се верува дека во моментов сопствениците на Њукасл се во преговори со Стеивен Џерард, Роберто Мартинез и Унаи Емери.

За Роберто Мартинез е најмалку веројатна оваа опција, па како главни кандидати се шпекулира дека тоа се Емери, кој некогаш го тренираше Арсенал и Стивен Џерард кој сега тренира во Шкотска.