Бруно Лаж се врати во Бенфика

Португалецот Бруно Лаж е назначен за нов тренер на Бенфика.

Ова ќе му биде втор мандат на клупата на Бенфика, претходно на истата функција беше пред пет години.

Во тој период имаше многу успеси. Ја освои титулата и беше прогласен за најдобар тренер во сезоната.

Лаж остана до летото 2020 година, кога ја прифати понудата од Вулверхемптон, каде остана само една сезона. Последен клуб кој го тренираше беше Ботафого во Бразил.

Лаж ќе дебитира во домашниот шампионат против Санта Клара.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО