Британците го „создаваат“ новиот Њукасл: Меѓу нив и играчот кој одби да игра за Македонија?!

Откако Њукасл беше и официјално купен од принцот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, почнаа шпекулациите околу тоа како ќе изгледа составот на оваа екипа од идната сезона.

Како нов тренер, се споменува името на Брендон Роџерс, кој во моментов работи со Лестер, но доколку го обезбедат, тој нема да има проблем со прилагодување, бидејки добро ја познава лигата и играчите.

Медиумите во Англија веќе почнаа да прават прелиминарен состав за Њукасл.

За голманската позиција се верува дека конкурираат две имиња, Сем Џонстон од ВБА, или Кејлор Навас од ПСЖ.

Дубои, Суле, Беднарек, Мазраи би била задната линија во одбраната, додека во средн иот ред како опција се вртат Кеси, Модриќ и Кутињо, имиња кои најчесто се доведуваат до шпекулација со Њукасл.

Во нападот се вртат имињата на Кулушевски, Вернер и Кејн, што е доста интересен избор, но сето тоа се уште е во рамките на шпекулациите.

Сигурно дека не чека возбудлив период со тимот од „Сент Џејмс Парк“, а најмногу на тоа се радуваат навивачите на клубот.