Британската Влада ќе го бојкотира отворањето и затворањето на ЗПОИ2026

Британската Влада објави синоќа дека ќе ги бојкотира церемониите на отворање и затворање на Зимските параолимписки игри (ЗПОИ), кои ќе се одржат во Милано и Кортина од 6 до 15 овој месец, во знак на протест против враќањето на руските и белоруските натпреварувачи на меѓународните натпревари под своите национални симболи.

-Јасно ставивме до знаење дека руската и белоруската држава не треба да бидат претставени во меѓународниот спорт на големата сцена додека продолжува варварската инвазија на Украина, соопшти Владата во Лондон.

– Затоа, ниту еден член или претставник на Владата нема да присуствува на церемониите на отворање и затворање на Параолимписките игри, објави портпаролот на британската влада.

Поради настапот на руските и белоруските параолимпијци, Чешка, Финска, Полска, Естонија и Летонија веќе објавија бојкот на церемонијата на отворање во поддршка на Украина.
ФОТО: МИА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО